Menu

Мебел со врвен квалитет и елегантен дизајн – Зинес

Зинес ДООЕЛ опстојува на македонскиот пазар веќе 24 години. Започнавме со единствена визија која и по долги години сеуште трае, креирање производ со врвен квалитет и дизајн.

Постојано се усовршуваме, надоградуваме и го надополнуваме нашиот асортиман. Се проширивме меѓународно и веќе 10 години со нашите производи успешно ги задоволуваме потребите на европскиот пазар.

Зинес произведува тапациран мебел, дизајниран само за ваша релаксација, консеквентно осмислен и инспиративно убав, секогаш надополнет со прекрасниот сјај на инокс. Во нашиот асортиман ќе најдете мебел за секоја соба од вашиот дом. Гарнитури за седење, кревети за спиење, фотелји и столици, дизајнирани да одговараат на вашиот стил и да го овозможат комфорот кој секојдневно е потребен.

Направивме селекција на материјали кои се долгротрајни и го овозможуваат квалитетот што го нудиме. Можете да одберете мебел во кожа, штоф или вештачка кожа, а комбинациите од бои и димензии се многубројни. Секогаш сме подготвени да одговориме на сите барања и потреби, па несомнено сме сигурни дека во Зинес ќе го најдете токму тоа што му треба на вашиот дом.

Одберете мебел во кој ќе уживате комплетно и кој ќе биде центар на вашата соба многу години.