Направете вашиот мал простор да изгледа како голема соба

Мал простор не значи дека треба да сте ограничени на декорирање на дневната соба, без креативност. Доколку правилно се инвестира, постојат неколку начини на кој малата дневна соба може да изгледа поголема. Понекогаш и не треба да се троши дополнително, потребно е само правилно да се организира мебелот.

Боја

Бледите, неутрални бои даваат импресија на леснотија и визуелно може да ја прошират собата. Неутралните бои го отвараат дополнително просторот, наспроти темните бои кои имаат тенденција да го “затвораат“. Па така, секоја природна боја, како што е белата, сината или нежно розевата може да имаат добар ефект. Секако може да додадете и други бледи бои.

Светлина

Нема подобро светло од природното, па затоа почесто тргајте ги завесите на страна и дозволете и на сончевата светлина да влезе во вашата дневна соба. Природната светлина комбинирана со бојата на ѕидовите ќе го осветли просторот и ќе ја направи собата визуелно поголема, пријатна и удобна.

Мебел

Доколку имате мал простор почесто е подобро да имате една поголема гарнитура отколку неколку помали парчиња мебел. На тој начин ослободувате повеќе простор, а и аголните гарнитури изгледаат одлично.

Прегради

Вградените прегради се одлична идеја како да креирате повеќе простор, особено доколку се од подот до плафонот. Наредете книги, но бидете внимателни со декорирањето, колку е поедноставно толку подобро.

Повеќенаменски мебел

При купување одлучете се за парчиња мебел кои ќе може да се искористат на повеќе начини. Табуретките се одличен пример затоа што може да послужат и како маса.

Секогаш е значајно да одберете мебел кој ќе одговара на големината на собата, светли бои и едноставна декорациија за да го постигнете бараниот ефект. Килим или тапети со линии ќе го издложат просторот, а доколку додадете и огледало собата значително ќе изгледа поголема.