Како да искомбинирате мебел во виолетова боја во вашиот дом

Виолетовата е величествена боја, обвиена во мистерија и гламур, типот на боја која се колебате да ја додадете во вашата дневна соба, но штом го направите тоа сфаќате дека просторот никогаш претходно не изгледал толку добро. Ако сакате да оставите навистина силен впечаток, одлучете се за мебел во виолетова боја, со сигурност ќе стане фокус во вашата соба.

Виолетовата боја одлично се комбинира со сивата, па темно сиви или метално сиви бои на ѕидот би биле одличен избор. Можете да додадете неколку кафе кафени елементи за потопла атмосфера.

Тешко е да се класифицира виолетовата боја како топла или ладна боја. За потопол впечаток и поудобен изглед додадете неколку црвени или портокалови детали во собата.

Иако често користена во модерните дизајни, виолетовата боја на мебел може одлично да се вклопи и во потрадиционална атмосфера. Тросед и двосед во виолетова боја, покрај камин, надополнет со посветли бои и добра светлина во просторијата секако одлично ќе прилега.

Изборот на бои на декоративни перници е огромен. Можете да искомбинирате неколку вообичаени дизајни со линии, цветни детали и неутрални бои без да да дојдат во фокус контрастите. Неколку детали во виолетова боја се секогаш добредојдени.

За добар баланс во просторијата секако е неизбежната комбинација на виолетово и кафено. Дрвени елементи со виолетова боја на мебел несомнено ќе направат дневната соба да изгледа прекрасно.

Секако, можете да бидете смели и да додадете некој елемент во невообичаена боја од контрастите во просторијата за грам разиграност повеќе.