Совети при избор на нов кревет за спиење

Времето што го поминуваме во кревет во целиот наш живот всушност е подолго отколку што замислуваме и истото значително зависи од удобноста која тој ја нуди. Добриот сон е неопходен за добар ден, па затоа креветот во кој спиеме има голема улога во нашето секојдневие. Па така може да заклучиме дека креветот е инвестиција која треба да гарантира комфор и квалитет многу години.

Тешкотиите при спиењето, будењето сред ноќ, болките во целиот грб повеќе се поврзани со тоа на што лежи вашето тело. Доколку забележите абнормалности во вашата рутина, тоа може да биде знак дека е време за нов кревет и душек.

Најважната работа е секако комфорот. Се додека креветот не нуди комфор, вие нема да уживате да спиете на него. Затоа е важно при купување на кревет истиот да го пробате. Неколку работи кои треба да се запрашате кога размислувате за комфор се:

  • Какво е чувството? Креветот е долгогодишна инвестиција, треба навистина да се размисли дали добро се чувствувате.
  • Дали е доволно мек за да биде удобен, а сепак и доволно цврст за да обезбеди добра потпора?
  • Дали изгледа дека ќе одговара на формата на вашето тело?

Ако не можете да најдете удобна позиција без разлика на кој начин лежите, вие веројатно го имате погрешниот душек. Добриот кревет и душек можеби нема да ја излечи несоницата, но секако ќе спречи создавање на проблеми при спиењето.

Одберете добар душек. Тајната на добриот сон е душекот и основата на креветот која ќе ја изберете. Секогаш имајте во предвид дека креветот и душекот работат заедно. На кревет со жичано јадро одговара душек со жичано јадро. Доколку имате партнер со кој го делите креветот, важно е да го пробате заедно. Цврстината на душекот треба да одговара на сите луѓе кои ќе го користат.

Што е со големината на креветот? Колку е поголем креветот толку повеќе простор ќе имате при спиењето. Кога станува збор за големината, освен ширината треба да ја имате во предвид и должината која треба да биде 10-15 сантиметри подолга од висината на вашето тело.

Креветите од нашата колекција се изработуваат во неколку димензии:

  • Единечен кревет 90х200см – одличен избор за детска соба
  • 100х200см – кревет со средна широчина кој е добар избор за тинејџери и студенти
  • 160х200см и 180х200см – димензии на кревети кои се најчест избор за парови
  • 200х200см – најголем кревет во кој максимално ќе уживате, особено доколку имате голем простор во спалната соба.

Покрај комфорот, доколку креветот изгледа толку добро колку што е и удобен би било одлично. Таблата или наслонот на креветот се изработува во различни димензии, стилови и форми и истиот може дополнително да ви го разубави престојот во спалната соба.

Кога купувате нов кревет значително важно е да го пробате креветот во изложбениот салон за да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор. Отстранете ги чевлите и легнете на креветот во различни положби. Не се срамете бидејќи креветите се изложени за да се пробаат.

Уште една многу важна работа. Купувањето душек кога сте многу уморни е лоша одлука, бидејќи тогаш сите кревети се удобни.

На пазарот денес може да се сретнат кревети со секакви додатоци, кои секако и дополнително ја зголемуваат цената. Сепак, имајте во предвид дека основната цел на креветот е да ви овозможи одмор од секојдневниот живот и центарот на спалната соба треба да биде токму креветот.