Жолта боја во дневната соба

Мебелот е еден од најважните парчиња во дизајнерската шема бидејќи е големото парче во просторот. Модерен тросед во жолта боја бара посебни додатоци околу собата за да изгледа вистински добро.

Кога станува збор за бојата на ѕидот, одберете комплементарни бои. Боите блиски до жолтата, како што се зелената и портокаловата, лесно одговараат со жолтата, но одговараат и виолетовата и сината. Без разлика која боја ќе ја одберете, боите треба да бидат во ист тон, па ако вашиот тросед е во топла жолта боја, одберете топла сива, зелена или портокалова. Доколку вашата софа е во ладна жолта боја, одберете ладна сина или виолетова.

Одберете метални додатоци околу собата, како што се светлата и рамките. Жолтата боја одговара со речиси секаков тип на метал, но најатрактивно изгледа со сребро, никел, злато и месинг. Одбирајќи еден вид на метал за поголемиот дел од простор, ќе помогне да се креира комплетен дизајн.

За останатите елементи во собата кои што се тапацирани, вклучувајќи столови, перници и табуретки, доколку сакате да постигнете неутрален дизајн, користете црна, сива, крем или кафеава боја. Ако пак сакате впечатокот да биде повеќе смел, виолетовата, сината, портокаловата или зелената боја се вистински погодок.

Имајте во предвид дека мебелот во жолта боја ќе биде центарот на дневната соба, па затоа е многу важно неговиот дизајн да биде едноставен и без многу детали.