Историја и Визија

Зинес ДООЕЛ постои на македонскиот пазар веќе од 1993 година. Започнавме со единствена визија која и по долги години се уште трае, креирање производ со врвен квалитет и дизајн. Постојано се усовршуваме, надоградуваме и го надополнуваме нашиот асортиман. Се проширивме меѓународно и веќе 14 години со нашите производи успешно ги задоволуваме потребите на европскиот пазар. Зинес произведува тапациран мебел, дизајниран само за ваша релаксација, консеквентно осмислен и инспиративно убав, секогаш надополнет со прекрасниот сјај на инокс. Во нашиот асортиман ќе најдете мебел за секоја соба од вашиот дом. Гарнитури за седење, кревети за спиење, фотелји и столици, дизајнирани да одговараат на вашиот стил и да го овозможат комфорот кој секојдневно е потребен. Направивме селекција на материјали кои се долгротрајни и го овозможуваат квалитетот што го нудиме. Можете да одберете мебел во кожа, штоф или вештачка кожа, а комбинациите од бои и димензии се многубројни. Секогаш сме подготвени да одговориме на сите барања и потреби, па несомнено сме сигурни дека во Зинес ќе го најдете токму тоа што му треба на вашиот дом.

Од инспирација до креација

Фасцинирани сме од експресивен мебел кој сам по себе раскажува единствена приказна. Мебел кој е уникатен колку и неговиот сопственик, кој визуелно и функционално ќе ве освои.

Зинес ги создаде своите колекции мебел инкорпорирајќи ги во едно желбата за создавање на модерно парче мебел кое ни малку нема да заостанува зад потребата од комфор. Секој поединечен модел има своја посебна карактеристика и различна функција, свој карактер кој ќе ја потенцира вашата индивидуалност. Зинес креира мебел со софистициран дизајн кој ќе одговара на вашиот карактер.

Трајност

Мебелот кој Зинес го произведува е изработен од исклучиво високо квалитетни материјали кои ќе овозможат врвно уживање. Изработени од “LongLife leather” односно долготрајна кожа која со текот на годините на користење ќе ја надградува својата убавина.

Индивидуалност

Вие имате стил, ние го имаме мебелот кој ќе одговара на вашиот стил. Од секое парче мебел може да одберете форма и големина, како и боја на кожа со што гарнитурата комплетно ќе ви одговара на вас.

Занает

Одржувајќи го занаетчиството во современо време, квалитетот во производите е достигнат благодарение на прекрасната изработка од страна на нашите столари, тапетари, шивачки.

Доколку би направиле една тура околу целокупниот процес на кој функционира Зинес веројатно тоа би почнало од дизајнот. Модерен, елегантен или возбудлив. Моделот Ацера има доста лесен и впечатлив изглед, а зад тоа стојат сите детали кои се единствени и својствени за него. Функциите во наслоните за раце и грб кои овозможуваат прилагодување кон положбата на телото се вкорпорирани во овој навидум футуристички модел за да го овозможат чувството на комфор. Од друга страна Равена изгледа навистина едноставно, но ненадминливо елегантно во исто време. Дизајнирана со цел креирање парче мебел кој ќе одговара совршено за секој дом и за секој поединец, Равена всушност е гарнитура која независно од својата форма, големина или боја, ќе изгледа прекрасно.

Нашите дизајнери несомнено ја интерпретираат својата работа како создавање една своевидна уметност која сепак е прилагодена да одговари на својата цел. Затоа може да кажеме дека креиравме мебел со свој карактер. Колку повеќе индивидуално ви одговара едно парче мебел, инвестирате во многу повеќе од еден објект кој ќе го пополни местото во вашиот дом.

За да една гарнитура или столица обезбеди пријатно седење, потребно е истата да одговара на човековото тело. Нашиот дизајнерски тим тргнува со оваа основа, земајќи ги во предвид димензиите на човековото тело, креира модел кој нуди удобност при долги часови седење или лежење.

Дизајнирањето на креветите за спиење го опфаќа истиот креативен процес и се води од истите принципи и замисли. Врвен комфор и надворешна убавина која ја маѓепсува спалната соба.

Сепак, креирањето еден модел не е само во визуелниот изглед, па комплетен нацрт е задолжителен. Нашиот тим користејќи софтверски програми ги вметнува моделите на гарнитури, спални, фотелји и трпезариски столици во различни дадени простори креирајќи 3д симулација. Со визуелната имплементација на овој начин се доаѓа во предвид колку моделите одговараат на различни дневни или спални соби и се планираат евентуалните нивни димензии.

Селекцијата на материјали кои ќе се користат при изработка на нашиот мебел е круцијална. Конструкцијата од дрво е со врвен квалитет, изработена од бука и шперплоча и има навистина долг век на траење. Избравме добавувачи кои поседуваат сертификати за квалитет, избравме дрво кое обезбедува отпор кон напукнување, виткање, собирање или кршење.

Високоеластичната пена во седењето, како и во наслоните за грб и раце, овозможува комфор и одлична потпора и по долги часови седење. Удобноста на нашите купувачи е секогаш најважна, особено кога станува збор за мебел кој секојдневно се користи. Одбравме пена која се прилагодува на човековото тело со што обезбедува одлична потпора, а не го менува ни својот облик после долго користење.

Површината на целата структура е тоа што му дава на обликот живот и карактер. Материјалот со кој ќе биде обложена целата конструкција на една гарнитура е исто толку значаен колку и секоја функција која ја овозможува мебелот. Ги дизајниравме моделите на мебел од нашата колекција со цел креирање долготраен мебел, а ништо не трае подолго од прекрасната природна кожа. Кожата сама по себе има безброј квалитети кои се поволни за сечиј дом, а и визуелно несомнено освојува. При изборот на кожа со која ќе ги тапацираме нашите модели посветивме внимание на нејзината издржливост. Приоритет ставаме на LongLife leather кожата која е одлична за мебел кој секојдневно ќе го користите. Всушност, и при долго користење кожата станува по мека, пријатна и удобна. Секако во нашата понуда избравме и кожа која дефинитивно ќе го нагласи својот ексклузивитет.

Го дизајниравме моделот, направивме шаблони, ги селектиравме материјалите и подготвени сме за производство. Во следната фаза ќе почнеме со физичка изработка на парче мебел кое визуелно и функционално ќе ви одговара вам и на вашиот дом.